ФОТО | Поради тешката болест на сопругата се повлече од јавноста: Нема да верувате како денес изгледа Чак Норис!

Фото: Профимедиа/ Инстаграм

Чак Норис не ни сонувал дека ќе стане актер, а уште помалку дека ќе биде легенда и еден од најпопуларните личности во целиот свет.

Меѓутоа, љубовта кон боречките вештини го одвела на овој, неочекуван пат.

Во текот на 1950-те и 1960-те години додека го служел воениот рок, почнал да ги проучува боречките вештини. По отслужувањето на воениот рок, не само што станал првак во карате, туку отворил и многу карате студија во кои работел како тренер на бројни славни личности. Токму тие врски со славните личности го инспирирале и самиот да се обиде во глумата.

Пријателството со легендарниот Брус Ли резултирало со појавување во филмот „Enter the Dragon“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gleyson Peres Toledo (@gleyson_peres)

По првиот филм, следеле нови улоги и патот кон славата полека му се отворил. Во текот на 70-те и 80-те години станал еден од најголемите акциски ѕвезди на големото платно, но улогата која му го одбележа животот следела 20-на години подоцна. Станува збор за Вокер, тексашкиот ренџер. Истоимената серија се емитувала осум години и го претворила во култна појава.

Чак Норис речиси никој повеќе не го гледа во јавноста.

Од неговата последна филмска улога поминаа речиси 10 години, а за отсуството од филмското платно има добра причина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chuck Norris (@chucknorris)

Имено, во 2017 година, неговата сопруга Гена заболела од мистериозна болест, за која се докажало дека e, всушност, ревматоиден артритис. Поради грешка на лекарите сѐ се искомплицирало. Гена почнала да чувствува болки во зглобовите, слабост, болки во ребрата и треперење на цело тело. Изгубила 15 килограми и морала да се храни со детска храна, бидејќи тешко голтала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chuck Norris (@chucknorris)

Гена конечно закрепнала во една клиника во Невада, но нејзиниот сопруг, сепак, го напуштил Холивуд за да се грижи за неа. Против лекарите поднеле и тужба, но сепак, се откажале од судењето во 2020 година.

Чак Норис доста се променил, па повеќе не наликува на оној мускулест херој каков што го паметиме. Со оглед на тоа што го прославил својот 82-ри роденден, тоа е разбирливо. Норис изгледа одлично!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chuck Norris (@chucknorris)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот