ФОТО | Поради Швајнштајгер на Ана Ивановиќ ѝ пропаднал бизнис „тежок“ три милиони евра
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ за време на разводот од поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер се соочила со сериозен проблем, ѝ пропаднал бизнисот со природна козметика во кој вложила три милиони евра. Како што тврди извор за српските медиуми, тој од неа барал 1,5 милиони евра од заработката.
Препорачано
Сметал дека му следува дел затоа што помогнал во промоцијата на нејзините козметички производи под брендот „Ana Ivanovic Natural Performance“.

Овој негов потег ја шокирал и таа не сакала да прифати такво нешто. Го собрала својот тим, а по детална анализа заклучиле дека најдобро е целосно да стават крај на овој бизнис. Брендот бил повлечен од продажба кон крајот на минатата година.
„Време е да се поздравиме! Понекогаш ‘збогум’ значи да направиш простор за нешто ново. Нашето заедничко патување со ‘Ana Ivanovic Natural Performance’ привршува. Ја затвораме нашата онлајн продавница во ноември. Од срце ви благодариме за верноста и страста кон едноставна, но ефикасна козметика“, стоело на веб-страницата.

На почетокот ѝ било тешко што го гаси својот бренд, но сега е фокусирана на нови животни цели. Најважно ѝ било да не му дозволи на поранешниот сопруг да ја оствари својата намера и во тоа успеала.
Да потсетиме, таа кон крајот на минатата година поднела барање за развод во Општинскиот суд во Минхен, откако дознала дека била изневерена. Тие имаат три деца, осумгодишниот Лука, петгодишниот Леон и двегодишниот Тео.


