ФОТО | Помалку позната приказна за Григор Копров се појави во јавноста, композиторот изненади
Помалку позната приказна за композиторот Григор Копров се појави во јавноста, а ова е нешто што малкумина го знаеја за него.
Препорачано
Копров е еден од нашите најголеми хитмејкери, автор на безвременските „Усни на усни“ и „Излажи ме“ на Тоше Проески, „Црно тиквешко“ и „Чаирска романтика“ на Владо Јаневски, „Не допирај ме“ и „Лиду ду“ на Маја Оџаклиевска и многу други. Но, малкумина знаат дека тој кариерата ја почнал како пејач.
На фејсбук-страницата „ВБУ Музички регистар“ е објавена постара слика од Копров, поточно исечок од весник, на кој пишува: „Младиот пејач Григор Копров, од ден на ден станува сѐ попопуларен меѓу љубителите на забавната музика, и надвор од границите на нашата република. Еден од неговите најголеми успеси е секако учеството на Сплитскиот фестивал, на кој настапи како интерпретатор на една своја композиција“.
Во рамките на „Скопско лето“, во јули 2024 година, се одржа концертот „Најдоброто од Копров“. Публиката имаше можност да ужива во најголемите хитови направени од мајсторот на композицијата Григор Копров. Звуците на „Сонце во твоите руси коси“, „Усни на усни“, „Иконо моја“, „Немир“, „Не зори зоро“, „Црно тиквешко“, „Чаирска романтика“, „Лиду ду“ и многу други евергрини, кои живеат и денес, во еден глас се пееја во салата на Националната опера и балет.
Во една прилика, во емисијата „Еден на еден“, Копров рече дека важна фигура во неговиот живот бил композиторот Драган Ѓаконовски – Шпато.
„Да не беше еден Драган Ѓаконовски – Шпато, кој сите нас, да нѐ собереш, не прави еден Шпато, и кој, жалам, ние не го препознававме и кога почина, почина како некој така случајно. Драган Ѓаконовски – Шпато еден, 20 празни места, сите ние други после него. Тој беше гениј, а јас бев негов ученик“, рече Копров и додаде: „Му станав и кум за втората – третата жена, не е важно, но бевме многу блиски“, изјави композиторот и додаде дека неговата блискост и соработка со Тоше Проески била судбинска.
ВИДЕО | Копров на „Скопско лето“: Возбуден сум исто како кога се женев и кога го добив синот


