ФОТО | Полицијата објави фотографија од апсењето на Џастин Тимберлејк: Пејачот бил со крвави очи под дејство на алкохол
Американскиот пејач Џастин Тимберлејк (43) вчера беше уапсен поради возење под дејство на алкохол, а сега е објавена и неговата фотографија од апсењето во полициската станица.
Препорачано
Да потсетиме, Тимберлејк пиел со пријателите во бар во пристаништето Саг, по што влегол во својот автомобил од марката БМВ, при возење удрил во знак за стоп и излетал од својата лента. Полицијата го запрела и го привела, а тој трипати одбил да направи алкотест. Според полицискиот извештај, пејачот не можел „правилно да ги следи упатствата“ и бил нестабилен во одењето.
Очите му биле „крвави и стаклени“, а според кривичната пријава, пејачот тврдел дека испил „само едно мартини“.
„Неговите очи беа крвави и стаклени, здивот му мирисаше на алкохолен пијалок, не можеше да го задржи фокусот, говорот му беше нејасен, одењето му беше нестабилно и падна на сите стандардни алкотестови“, се наведува во извештајот.
Тој се изјасни за невин и беше ослободен без кауција, но му беше забрането да вози во државата Њујорк на една година.



