ФОТО | По венчавката, Биба Додева објави прекрасна фотографија со сопругот

Свадбата на Биба Додева / Фото: Фејсбук, Ана Бунтеска

Пејачката и претседателка на здружението „Борка“, Биба Додева, пред неколку дена повторно „застана на лудиот камен“, овојпат со нејзиниот партнер Срѓан Шрепфлер.

„Љубов над сè!“

Со оваа реченица Биба ја соопшти убавата вест со своите фејсбук-пријатели и обожаватели по повод својата венчавка, која се одржа со мала забава за само најблискиот круг на луѓе.

Фото: Биба Додева/Принтскрин/Фејсбук

„Драги мои пријатели, ви ја споделувам нашата среќа со вас! Ви благодарам од срце за убавите честитки и желби, како за роденденот, така и за нашата венчавката. Пресреќни сме, да ни трае!“, додаде таа во објавата за среќната вест.

За радосниот ден Биба и нејзиниот избраник беа облечени во црно, а пејачката имаше прекрасен шарен бидермаер.

Биба вчера на својот профил на Фејсбук објави фотографија на која со својот сопруг прегрнати позираат.

Во описот на фотографијата, познатата пејачка напиша: „Mr. & Mrs. They say love will find a way. Now I know.“ („Г-дин и г-ѓа. Велат љубовта ќе најде начин. Сега знам.)

Фото: Биба Додева/Принтскрин/ Фејсбук

Инаку, Додева, ден претходно го прослави својот 47-ми роденден. Таа е мајка на ќерката Емануела и баба на внукот Александар.

ВИДЕО | Викса и Биба Додева: Хуманоста пред сѐ!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот