ФОТО | Пере од „Нокаут“ се збогува со својот најверен пријател: Засекогаш во моето срце, Брајан

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Неодамна на социјалните мрежи нашиот познат музичар Никола Перевски – Пере од групата „Нокаут“ објави дека неговиот најверен пријател, кучето Брајан, починало на 13-годишна возраст.

Имено, Пере се поздрави за последен пат од својот миленик објавувајќи серија фотографии со најдрагите моменти поминати со Брајан.

Фото: Instagram / perrenokaut

„Засекогаш во моето срце, Брајан. Твоите шепи оставија траги на љубов кои вечно ќе ми шетаат низ сеќавањата. Почивај во мир мој најдобар верен пријателе. Брајан – Брцо – Бесни 2011-2024“, напиша Пере покрај фотографиите од кучето.

Фото: Instagram / perrenokaut
Фото: Instagram / perrenokaut

Инаку, кучето Брајан, од расата Западношкотски бел териер, често беше придружба на Пере, па дури и се појави во видеоспотот за песната „Позитивно“ на „Нокаут.“

Фото: Instagram / perrenokaut

ФОТО | „Се роди уште едно трилече“: Пере од „Нокаут“ стана татко по четврти пат, доби уште една ќерка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот