ФОТО | Пејачот на „Ред хот чили пеперс“ има 36 години помлада девојка

Фото: EPA/VALENTIN FLAURAUD EDITORIAL USE ONLY

Ентони Кидис, фронтменот на бендот „Ред хот чили пеперс“ отсекогаш бил бунтовен млад човек кој го правел она што го сака. А дека тој дух го зачувал и денес, сведочат бројни ситуации од неговиот живот, врз основа на кои можат да се направат најмалку два филма. Сепак, она по што е особено познат Ентони се неговите бурни љубовни врски.

Ентони Кидис беше и останува вечен ерген. Калифорнискиот пејач е познат како голем заводник, а за многу негови авантури имавме можност да прочитаме во неговата автобиографија.

Сите знаат дека Ентони сака да привлекува внимание, како со својот впечатлив стил, така и со изборот на партнерки, што покажува и најновата фотографија што се појави на инстгарм профилот на бендот.

Имено, тие споделија фотографија на која Ентони (60) се бакнува со својата колешка Микаела Мулани Штраус (24), попозната по прекарот King Princess.

Фото: Инстаграм/ Red Hot Chili Peppers

Описот на фотографијата вели дека љубовта победува.

Патем, таа е дел од предгрупата на бендот на нивната турнеја, и очигледно многу повеќе од тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот