ФОТО | Пејачот на „Рамштајн“ ги поправал забите во Белград: Тука е најевтино!
Концертите на бендот „Рамштајн“ што се одржаа во Белград на 24 и 25 мај собраа околу 120.000 посетители, а Белград беше преплавен со посетители од сите делови на Европа, имаше обожаватели од сите земји од регионот, посетители од Велика Британија, Франција, Холандија, Данска, Турција, Русија, Украина, но и оние кои дојдоа од друг континент – од Обединетите Арапски Емирати!
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Склопувањето на бината на „Рамштајн“ траела неколку дена, а била донесена на делови, поточно за транспорт биле потребни 71 шлепер.
Меѓутоа, освен за фантастичните концерти, српските медиуми денеска пишуваат за една интересна ситуација поврзана со фронтменот на „Рамштајн“. Тил Линдеман, пејачот на германскиот бенд, во текот на престојот во Белград посетил стоматолошка ординација, а на инстаграм-профилот е објавена фотографија на која пишува: „Нашиот мил Тил Линдеман при посетата на стоматолог во Белград“.

Тил Линдеман мудро го искористил слободното време во Белград.
Фотографијата брзо стана вирална, а многумина коментирале дека пејачот решил да ги користи услугите на стоматолог во Белград, поради подобриот квалитет и пониската цена, во споредба со земјата од каде што доаѓа.
Причината за неговата посета на ординацијата не е позната, но сигурно е дека морал да биде подложен на итна интервенција, која не можела да чека тој да се врати во Германија, пишуваат српските медиуми.
Оваа фотографија набрзо ја забележаа твитерџиите, кои коментираат дека цените во Србија се најевтини, па шансата ја искористил и самиот Линдеман, а некои заклучиле дека пејачот имал проблем со забите во текот на концертот, но тоа не го спречило да направи спектакл два ноќи по ред на Ушќе.
ВИДЕО | „Рамштајн“ воодушевија 60.000 луѓе во Белград: Еве како изгледаше „жестокиот“ спектакл


