ФОТО | Пејачката Викторија Лоба беше деверица на свадбата на мајка ѝ во Охрид

Викториа Лоба, Фото: Instagram Story

Татјана Луговаја, мајката на пејачката Викторија Лоба го кажа судбоносното „да“ во Охрид, во црквата Света Софија.

Лоба често знае да објави посебни моменти на социјалните мрежи, а вчера на „Instagram Story“ пејачката сподели фотографии од свадбената прослава на својата мајка Татјана.

Фото: Инстаграм

На прославата присуствуваа најблиските пријатели и семејството, а невестата носеше бела венчаница и бел долг вел. Прекрасно стилизирани се и девериците кои носат нежно сини фустани, меѓу кои и ќерката Викторија, која облече креација на младата дизајнерка Моника Коцарева од Охрид.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Лоба е родена во Русија, а на 8-годишна возраст се преселила со мајка ѝ во Македонија.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот