Фото: Profimedia

ФОТО | Памела Андерсон и Лијам Нисон фатени заедно пред хотел: Таа насмеана, тој се крие под капа

Актерката Памела Андерсон (58) беше фотографирана насмеана и видно расположена додека во друштво на славниот Лијам Нисон (73) го напушташе хотелот „Коринтија“ во Лондон. Двајцата беа забележани во раните утрински часови во средата, по што повторно се појавија шпекулации за нивната блискост.

Андерсон се појави во елегантна жолта комбинација и целосно без шминка, додека Нисон, облечен дискретно и со капа на главата, се обидуваше да не привлече внимание.


Нивното заедничко појавување доаѓа по премиерата на филмот „Гол пиштол“ во Лондон, каде што парот беше забележан во блиска комуникација – со прегратки, допири и бакнеж во образ пред камерите.

Во изјава за медиумите, Нисон, низ шега, изјави дека најмногу уживал во снимањето на интимните сцени со Андерсон. За тие сцени, била ангажирана координаторка за интимност која, според зборовите на актерката, знаела кога дискретно да се повлече: „Само ќе речеше: ‘Ова е премногу за мене, одам по кафе!’“.

Иако нивната хемија е очигледна и надвор од сетот, и двајцата тврдат дека се само блиски пријатели.

„Мислам дека стекнав пријател за цел живот“, изјави Андерсон за списанието „Ентертејнмент викли“, додавајќи дека со Нисон ја поврзува искрена и длабока поврзаност, но не и љубовна врска.

Сличен став пренел и извор близок до нив за „Дејли мејл“: „Лијам ја сака Памела, но како пријателка. Поврзани се на посебен начин, но тоа не е романса“.

Сепак, Нисон отворено говори за својата восхитеност кон Андерсон.

„Луд сум по неа. Таа е едноставна, духовита и фантастична за соработка. Ќе биде извонредна во овој филм“, изјави тој за магазинот „Пипл“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот