Фиби Бекер и Џејмс Хернандез на Зимските олимписки игри во Милано/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Oвој фустан е победник на ЗОИ: Лизгачката во култниот модел на „Версаче“ изгледа како милион долари!

Британската лизгачка двојка Фиби Бекер и Џејмс Хернандез ги освои срцата на љубителите на лизгање на Олимписките игри во Милано и Кортина, а покрај нивните одлични спортски резултати, тие привлекоа внимание и со нивниот гламурозен моден изглед.

Фиби Бекер и Џејмс Хернандез на Зимските олимписки игри во Милано/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Фиби Бекер (20) блесна во фустан инспириран од култниот модел на модната куќа „Версаче“, создавајќи незаборавен момент што ги комбинира спортот и високата мода на мраз.

Фустанот на Фиби Бекер за нејзиниот олимписки настап со партнерот Џејмс Хернандез е дизајниран како посвета кон легендарниот моден креатор Џани Версаче, инспириран од неговата модна ревија во 1991 година. Спектакуларниот костим, што го креираше Матие Карон, зрачи со луксуз типичен за италијанскиот моден бренд, со разиграноста на златните акценти што блескаат под рефлекторите на лизгалиштето.

Фиби Бекер и Џејмс Хернандез на Зимските олимписки игри во Милано/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Овој избор не е само естетски привлечен, туку носи и длабоко значење. Настапувајќи во Милано, една од главните модни престолнини во светот, а на Олимписките игри во Италија, оддавањето почит на еден од највлијателните италијански дизајнери, совршено ги спои спортот, уметноста и високата мода во еден уникатен момент.

Овој фустан стана тема на многу разговори на социјалните мрежи, проследен со совршена музика во позадина – песната „Freedom“ од Џорџ Мајкл, во чиј спот за споменатиот сингл настапуваат најголемите супермодели од 90-тите, вклучувајќи ги Синди Крафорд, Линда Еванџелиста, Кристи Тарлингтон… Наоми Кемпбел носеше фустан инспириран од дизајнерот Матие Карон на ревијата на Џани Версаче.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BYRDIE (@byrdie)


Бекер и Хернандез имаа успешно олимписко деби на Зимските олимписки игри во Милано, постигнувајќи најдобар резултат во сезоната од 72,46 поени и пласирајќи се на 16-то место во генералниот пласман.

Фиби Бекер и Џејмс Хернандез на Зимските олимписки игри во Милано/Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот