Ања и Игор - Фото: Приватна архива

ФОТО | Овации во Белград: Македонските актери во Атеље 212

Како резултат на соработката меѓу шоуто „Глумците пеат“ и култниот белградски театар Атеље 212, во рамки на традиционалната предновогодишна манифестација „Брод плови за Београд“, синоќа и вечерва настапуваат двајца македонски актери – Игор Ангелов и Ања Митиќ.

Игор Ангелов – Фото: Приватна архива
Ања Митиќ и Аљоша Вучковиќ – Фото: Приватна архива

„Брод плови за Београд“ е култна предновогодишна манифестација на Атеље 212, со исклучителен интерес од публиката а билетите традиционално се распродаваат за неколку минути. Настанот е авторска идеја на доајенката Горица Поповиќ, а се реализира под уметничко водство на Светозар Цветковиќ.

На првата вечер, настапот на Ања и Игор беше дочекан со овации од белградската публика. Во друштво на најпознатите белградски актерски имиња, тие ја освоија белградската публика, но и колегите со кои ја делеа сцената.

Настапот на нашите актери во рамки на оваа реномирана манифестација претставува значаен момент за видливоста на домашната актерска сцена надвор од земјата и повод за искрена професионална гордост.

Белградското гостување е вовед во продлабочување на соработката, веќе на следното издание на „Глумците пеат“ во март.

Игор Ангелов – Фото: Приватна архива
Ања Митиќ – Фото: Приватна архива
Ања и Игор – Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот