Ова се 10-те најбогати семејства во светот во 2021: Волтон „тежи“ 238,2 милијарди долари

Фото: Профимедиа

Порталот „Блумберг“ објави листа на најбогатите семејства во светот. Оваа листа опфаќа семејства од различни делови на светот кои се занимаваат со различни работи.

Првата генерација милијардери не е вклучена во оваа листа и нагласено е дека листата не е конечна, бидејќи постојат семејства чие богатство е распространето низ целиот свет и тешко е да се следи.

Првото место го зазеде семејството Волтон, чие богатство се проценува на 238,2 милијарди долари. Тие се сопственици на малопродажниот синџир „Валмарт“.

На второ место по богатство е семејството Марс, во чија сопственост е истоимениот бренд за слатки. Нивното богатство се проценува на 141,9 милијарди долари.

Потоа следува семејството Кох, чие богатство се проценува на 124,4 милијарди долари. Во сопственоста на ова семејство е истоимената нафтена компанија.

На четврто место е семејството Ермес, кое го поседува истоимениот бренд луксузни чанти. Поседуваат богатство од 111,6 милијарди долари.

По нив следува семејството Сауд, кое владее со Саудиска Арабија, а нивното богатство се проценува на 100 милијарди долари.

Семејството Амбани е на шестото место со богатство од 93,7 милијарди долари. Во нивна сопственот е конгломератот „Релианс“.

По нив следува семејството Вертхајмер, во чија сопственост е брендот „Шанел“. Имаат богатство од 61,8 милијарди долари.

Семејството Џонсон е на осмото место со богатство од 61,2 милијарди долари. Тие се сопственици на финансиската компанија „Фиделити инвестменс“.

Следува семејството Томсон, во чија сопственост е медиумската корпорација „Ројтерс“. Имаат богатство од 61,1 милијарда долари.

На десеттото место е семејството Боeрингер, кое е сопственик на фармацевтската компанија „Боeрингер Ингелхајм“. Нивното богатство се проценува на 59,2 милијарди долари.

Остатокот на листата е достапен на порталот „Блумберг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот