ФОТО | „Охридскиот сунѓер ѝ е инспирација“: Данче Наумоска создава накит од бакар

данче наумоска
Данче Наумоска / Фото: Приватна архива

Данче Наумоска е занаетчика која изработува бакар. Почетоците на нејзината професија датираат речиси пред 20 години кога љубовта кон создавањето на бакарни производи ја пренесол нејзиниот татко во нивната работилница, пишува порталот „Еспресо.мк“.

Според Наумоска, Охридскиот тркалезен сунѓер со неговата жолтеникава боја и кадифест изглед, живее на длабочина од 30 до 120 метри и достигнува дијаметар до 13 сантиметри, зацврстен на школки или камчиња.

Данче Наумоска
Данче Наумоска / Фото: Приватна архива

Тогаш најмногу ја привлекувале боите кои ги менувал бакарот при хемиска реакција- оксидација, нијансите кои никогаш не се повторуваат. Изработува охридски мотиви, религиозни мотиви или пак, со традиционални дизајни.

Нејзина најнова инспирација е Охридски сунѓер – „Ochridaspongia rotunda”, а новата колекција добива и токму такви форми.

– Осознавајќи ги ендемските видови од Охридското езеро, се сретнав со волшебниот сунѓер, кој го добил името „rotunda“ не само заради тоа што има тркалезна форма, туку и што потсетува на морски еж без боцки. Фасцинирана од неговиот изглед, успеав преку накитот да го претставам внатрешниот систем на каналчиња и коморчиња, раскажува таа.

Данче Наумоска
Данче Наумоска / Фото: Приватна архива

Според Наумоска, Охридскиот тркалезен сунѓер со неговата жолтеникава боја и кадифест изглед, живее на длабочина од 30 до 120 метри и достигнува дијаметар до 13 сантиметри, зацврстен на школки или камчиња. Се размножува преку целата година и опстојува во симбиоза со Охридските ракчиња и како автохтон животински вид целосно се разликува од другите сунѓери.

Данче Наумоска
Данче Наумоска / Фото: Приватна архива

Овој прастар облик на сунѓер опстојува во шест милиони старото езеро и е меѓу најстарите облици што живеат во него.

– Благодарение на нуркачкиот клуб Амфора, преку фотографии ни го претстави дното на Охридското езеро. За изработка на колекцијата користев ленти, бакарни плочки, епоксидна смола кожни врвки или синџирче, полудраги камења или мурано стакло. Наменета е за уникатни, моќни и  самоуверени жени, вели таа.

Данче Наумоска
Данче Наумоска / Фото: Приватна архива

Таа е дел од во проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по ковид-19“ спроведен од Центарот за управување со промени – ЦУП а поддржан од Balkan Trust for Democracy.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот