ФОТО | „Обожаваме кари“: Принцот Вилијам и принцезата Кетрин готвеа индиска храна

Фото: Profimedia

Принцот Вилијам и принцезата Кетрин го имаа своето прво јавно појавување во Бирмингем, откако ги поминаа велигденските празници заедно со своите деца – Џорџ, Шарлот и Луи. Имено, кралската двојка ја прослави „различната култура на градот“, организирајќи настан за сопствениците на локалните бизниси, пишува „Хелоу“.

Принцот се појавил во опуштена, но соодветна модна комбинација на блејзер, кошула со отворена јака и панталони, додека принцезата носела плисиран бордо фустан од Карен Милен.

Фото: Doug Peters / PA Images / Profimedia

Принцот Вилијам и принцезата Кетрин прво го посетиле индискиот ресторан „Indian Streatery“, кој е долгогодишен семеен бизнис на семејството Шарма во центарот на градот, каде што помагале во кујната и се обиделе да приготват традиционални јадења од Индија.

Меѓу другото, тие рекле дека обожаваат кари и зачинета храна, но и дека нивните деца обожаваат индиска кујна.

Фото: i-Images / Eyevine / Profimedia

Интересен момент бил кога принцот Вилијам, среде посетата, се јавил на телефонот на кој луѓето нарачуваат храна и ја примил добиената нарачка, преправајќи се дека е вработен во ресторанот.

Потоа, кралската двојка го посетила пабот и ресторан „The Rectory“, кој има богата и долгогодишна историја. Овој паб се наоѓа во квартот каде се произведува до 40 отсто од целиот накит направен во Велика Британија.

Принцот и принцезата се сретнале со претставници, вклучувајќи дизајнери, уметници и драматурзи, и ги слушнале нивните искуства за отворањето и водењето на нивните бизниси во градот.

Фото: Arthur Edward/WPA Pool / Shutterstock Editorial / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот