ФОТО | Нови фотографии од чудовиштето од Лох Нес: 30 години ги чекав, највозбудлите досега!

Фото: UPPA/Photoshot / Avalon / Profimedia

Се појавија нови фотографии од змијоликото суштество за кое се тврди дека е чудовиштето од шкотското езеро Лох Нес, чие постоење никогаш не е докажано. Новите фотографии од митскиот ѕвер кој и понатаму ја интригира јавноста, особено британската, се оценети како „највозбудливите досега“.

Фотографиите, на кои наводно се гледа телото на ѕверот на површината на езерото, се направени уште во 2018 година, но биле чувани во тајност, бидејќи авторката се плашела од јавен потсмев.

Фото: Jam Press / Jam Press / Profimedia

Но, Чи Кели, која вели дека ги направила фотографиите и го видела суштеството како се движи со „изедначена брзина“, одлучила да излезе во јавноста по масовната потрага по митското чудовиште минатиот викенд. Снимките му ги покажала на Стив Фелтам, кој поминал повеќе од 30 години обидувајќи се да ја реши мистеријата, а кој ги опишал како најдобрите површински слики на Неси што некогаш ги видел, пренесува британски „Телеграф“.

 


Чи Кели, инаку преведувачка, рекла дека таа и нејзиниот сопруг Скот ја фотографирале областа по ручекот во Дорес Ин, на брегот на езерото, додека биле на семеен одмор на 13 август 2018 година.

„Само што со својот фотоапарат Канон ги фотографирав Скот и нашата ќерка Алиса, која тогаш имаше пет години, кога на околу 200 метри од брегот, движејќи се од десно кон лево со рамномерна брзина, се појави тоа суштество“, вели оваа 51-годишна жена.

„Повремено се вртеше. Ниту за момент не ја видовме главата или вратот. По неколку минути едноставно исчезна и не го видовме повеќе… Прво се запрашав дали е тоа видра или неколку видри, но никогаш не ја видовме главата и никогаш повеќе не се појави на површината. Правеше чудни движења на површината. Не слушнавме никаков звук. Ги имаше овие чудни форми под површината. Не можев да препознаам никакви бои – водата беше темна“, го опишува настанот Кели.

„Не можев точно да ја проценам должината, но двата дела што беа видливи беа помали од два метри заедно“, додала таа. „Не знам што беше тоа, но дефинитивно беше суштество – животно. Во тоа време не сакав да се изложувам на јавен потсмев со објавување на фотографиите… Отсекогаш верував дека постои нешто во Лох Нес. Има тука нешто необично, но не знам што е тоа. Она што го видов личеше на змија. Тоа дефинитивно беше суштество и се движеше“.

„Ова се највозбудливите површински слики (на Неси) што сум ги видел. Тие се токму такви слики што сакав да ги направам веќе три децении. Ретко е да се види нешто толку јасно на површината“, рекол Фелтам, кој ја убедил Чи Кели да ги објави.

Ќе се организира најголемата потрага по „чудовиштето“ од Лох Нес во последните 50 години

По повеќе од 50 години: Се организира најголемата потрага по чудовиштето од Лох Нес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот