Клаудиа Конте/Матео Пјандетоси/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Нов скандал ја тресе италијанската влада, поранешна манекенка призна: Да, јас сум му љубовница на министерот

Италијанската премиерка Џорџа Мелони минатата недела загуби важен референдум, се справува со последиците од обвинувањата дека еден од нејзините министри, кој поднесе оставка, имал врски со мафијата, а веќе оваа недела има нова афера со која мора да се занимава.

Поранешна манекенка открила дека има афера со италијанскиот министер за внатрешни работи, оженет човек со две деца, пишува британски „Телеграф“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simone Alliva (@simonealliva)


Клаудија Конте, 34-годишна новинарка, во радиоинтервју тврдела дека има афера со Матео Пјантедоси, 62-годишниот министер. Исто така, било откриено дека Конте добила неплатено место во парламентарна истражна комисија која се занимава со полициски и безбедносни прашања во урбаните периферии на италијанските градови.

Водителката ја прашала Конте, која има повеќе од 300.000 следбеници на Инстаграм, за гласините дека е во романтична врска со министерот, на што таа одговорила: „Тоа е нешто што не можам да го негирам.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Claudia Conte (@claudiaconte.it)


Пјантедоси јавно не ја коментирал таа изјава, ниту, пак, премиерката Мелони. Портпаролот на министерот за внатрешни работи рекол дека нема да го коментира тврдењето дека имал афера со неа и додал дека министерот во четвртокот бил на работа како и обично, пренесе „Телеграф“. Министерот никогаш никому не давал „услуги, работни места или именувања“, додал портпаролот.

Се наведува дека Конте извршувала разни јавни функции и консултантски ангажмани, вклучувајќи ја и функцијата уметничка директорка на италијански филмски фестивал, а на нејзиниот профил на Инстаграм се гледа дека се дружела со министри, политичари и со папата Лав.

Џовани Донцели, висок функционер во партијата Браќа на Италија, кој е близок до премиерката, изјавил: „Ми се чини дека Пјантедоси нема што да крие и во секој случај многу добро ја извршува својата министерска работа. Секој има право на приватен живот и да прави што сака. Во моментов постојат посериозни проблеми со кои треба да се соочиме“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Claudia Conte (@claudiaconte.it)

Со тоа се согласуваат и другите членови на владеачкото мнозинство, додека опозициските партии бараат министерот да одговори на обвинувањата.

Но, ова не е првпат некој од министрите во мандатот на Мелони да мора да поднесе оставка поради афера. Претходно тоа го направил 63-годишниот министер за култура Џенаро Санџулијано, кој бил принуден да поднесе оставка во септември 2024 година, откако било откриено дека бил во тајна романтична врска со младата инфлуенсерка Марија Розарија Боча. Потоа дал интервју на телевизија, извинувајќи ѝ се на премиерката што ја посрамотил, а на сопругата поради неверството.

Италија: Заменик-министерот за правда и помошникот на министерот поднесоа оставки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот