ФОТО | Нина Бадриќ наполни 50 години: Пејачката блесна во роденденскиот фустан пред 140 гости

Фото: Инстаграм

Хрватската пејачка Нина Бадриќ вчера го прослави својот јубилеен 50-ти роденден, по повод кој приреди спектакуларна прослава во познат загрепски ресторан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mirza Mustafagić (@mirzamustafagic)


Убавата бринета на својата роденденска забава поканила дури 140 гости, меѓу кои и многу познати фаци, а гостите ги пречекала романтична атмосфера со медитерански шмек благодарение на специјалната декорација од зеленило, лаванда и чинии исполнети со лимони. И сето тоа со добра храна и музика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gloria.hr (@gloria.hr)


А Нина навистина блесна и уште еднаш докажа дека со право го носи прекарот на „хрватската Моника Белучи“. Пејачката ги носи годините со стил исто како и италијанската актерка, а остана доследна на себе и не посегна по естетски корекции. Затоа често ја нарекуваат најубава природна жена на балканската естрада.

Бадриќ за роденденската прослава избрала совршен бел фустан со потпис на српскиот дизајнер Михан Момоса, а се работи за кратка креација која ја следи линијата на телото и на која е сошиен предимензиониран цвет од тул.

Нина модното издание го надополнила со блескаво чокер ланче и модерни влечки на високи потпетици од ПВЦ пластика.

ФОТО+ВИДЕО | Нина Бадриќ старее ретроактивно: Кој би рекол дека има 49 години?

ФОТО+ВИДЕО | Нина Бадриќ старее ретроактивно: Кој би рекол дека има 49 години?

ФОТО+ВИДЕО | Рај на земјата: Нина Бадриќ ужива на Малдиви

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот