Фото: Profimedia

ФОТО | Никој не го видел од смртта на Метју Пери: Мет Лебланк делува запоставено и не комуницира со никого, колегите од „Пријатели“ се загрижени

Актерите од култната серија „Пријатели“ („Friends“) се загрижени за нивниот колега Мет Лебланк (57) бидејќи се наближува годишнината од смртта на неговиот сакан пријател и колега Метју Пери. Оттогаш Лебланк ретко се појавува во јавноста бидејќи сè уште тагува, а неговото неодамнешно појавување ги загрижи неговите пријатели и колеги, пишува „Дејли мејл“.

На почетокот од месецов, тој беше забележан во Лос Анџелес, а неговиот „запоставен“ изглед ги загрижи неговите колеги, изјави извор за „Ин тач викли“ откако ги видел фотографиите на Лебланк на „Ти-ем-зи“.

„Никој не го осудува Мет за неговиот изглед и никој не го обвинува дека води нездрав начин на живот. Не станува збор за тоа тука. Она што е загрижувачко, за Џенифер Анистон и целата екипа, е тоа што тој е толку осамен и многу ретко комуницира со останатите“, нагласил изворот, додавајќи дека е во контакт со пријателите по трагичната смрт на колегата, но дека тоа не е многу често.

Мет Лебланк / Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

„Тој се повлече од јавноста и го живее својот живот без никаков реален интерес за општеството. Сите го приметија тоа и тоа е многу тажно“, истакна изворот.

Изворот се присети дека актерот бил енергичен и весел пред смртта на Пери, но дека сега е повлечен и дека не е чувствува достоен да биде во друштво на другите колеги.

„Јасно е дека неговата самодоверба падна, само треба да го погледнете и да видите како се запоставил“, рече тој.

Изворот откри дека Лебланк сè уште ја има безрезервната поддршка од неговите пријатели од серијата, кои сакаат да го вратат во нормален живот и да го видат како се смее. Неодамнешната трагедија ги научи сите колку навистина е краток и скапоцен животот.

Пријатели / Friends
Актерската екипа на телевизиската серија „Пријатели“ / Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Загриженоста расте како што се приближува годишнината од смртта на Пери, кој почина на 54-годишна возраст, на 28 октомври минатата година. Лебланк беше првиот член на екипата на „Пријатели“ кој му посвети објава на социјалните мрежи.

„Метју. Со тешко срце се збогувам. Периодот што го поминавме заедно ми е, искрено, меѓу омилените периоди во мојот живот. Ми беше чест да ја споделам сцената со тебе и да те наречам мој пријател. Секогаш ќе се насмевнувам кога ќе помислам на тебе и никогаш нема да те заборавам. Никогаш. Рашири ги крилјата и летај. Конечно си слободен и, претпоставувам, ќе ги задржиш дваестте долари што ми ги должиш“, напиша тој на 14 ноември 2023 година, заедно со серија фотографии од нивните ситком сцени.

Зошто „пријателите“ го напуштија погребот на Метју Пери? Не присуствувале на приватната церемонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот