ФОТО: Незаборавната венчаница на принцезата Дајана за првпат изложена во палатата Кенсингтон

Profimedia
Фото: Profimedia

Венчаницата на принцезата Дајана за прв пат е изложена во палатата Кенсингтон, откако нејзините синови, принцот Вилијам и принцот Хари, се согласиле да го „позајмат“ легендарниот и незаборавен фустан од 1981 година…

Profimedia
Profimedia

Дајана на венчавката со принцот Чарлс во катедралата Сент Пол во 1981 година го носеше гламурозниот невестински фустан, кој беше украсен со превез од дури 7,5 метри.

Јавноста од овој месец ќе има можност да ја види венчаницата на покојната принцеза Дајана во кралската резиденција во западен Лондон.

Profimedia
Profimedia

Фустанот, дизајниран од Елизабет и Дејвид Емануел, е украсен со светки, бисери и чипка кои првично ѝ припаѓале на кралицата Мери.

epa-efe
EPA/MUSEUM OF ART OF FT. LAUD

Нежно заобленото деколте и големите надуени ракави ги красат раскошни машни од тафт – стил популаризиран од принцезата во раните 1980-ти. Фустанот е во сопственост на синовите на Дајана, принцовите Вилијам и Хари, кои во оваа прилика го „позајмија“ за изложбата.

Profimedia
Profimedia

Насловен како „Royal Style in the Making“ овој настан ќе се осврне на темата за односот помеѓу дизајнерите и нивните кралски клиенти.

На изложбата ќе биде прикажана и ретка ткаенина која е зачувана од 1937 година и била искористена за да се направи фустан за крунисување на кралицата Елизабета Втора.

Profimedia
Profimedia

Модните комбинации на принцезата Дајана биле внимателно следени и документирани, и пред и по нејзиниот брак со Чарлс.

Модните избори и додатоци на Дајана се актуелни и денес, а за тоа најдобро зборува фактот дека во март Меган Маркл, војвотката од Сасекс, носеше нараквица од Дајана за време на разговорот со Опра Винфри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот