Фото: NK Slaven Belupo

ФОТО: Несторовски по двата гола за Славен Белупо се најде помеѓу најдобрите во Хрватска

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски зад себе има одличен викенд во кој постигна два гола за Славен Белупо во убедливата победа од 4-1 над Вуковар.

Несторовски ги одигра сите 90 минути и беше најистакната фигура на теренот, што му донесе и место во идеалниот тим на колото во хрватското првенство.

Првиот гол прилепчанецот го реализира во 25. минута за водство од 2-0, а вториот го додаде околу десет минути пред последниот свиреж, потврдувајќи ја победата на својот тим.

Сезонава Славен Белупо игра одлично во хрватското првенство и со 21 бод по 14 кола се наоѓа на третата позиција зад лидерот Хајдук (29) и второпласираниот Динамо (28).

Фото: HNL

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот