ФОТО | Необичното друштво на Бензема во Париз: Се појави со сопругата и девојката

Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Дефинитивно Карим Бензема вчера беше ѕвезда на вечерта во Париз каде што сосема заслужено ја освои „Златната топка“, сепак за Французинот денес се пишува и поради уште една причина.

На гала вечерта со Французинот присуствуваше необично друштво. Неговата сорпуга Кора Гаултие го доведе синот на Бензема, Ибрахим. Меѓутоа покрај нив во Париз се појави и девојката на фудбалерот, Џордан Озуна, што секако беше изненадување.

Џордан Озуна/ Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Во прашање е атрактивна манекенка со која пред некое време Бензема беше фотографиран на јахта.

Бензема со Кора е во брак со години и со неа има две деца. Засега во јавноста ниту Бензема, а ниту Кора не се огласиле на оваа тема. Сепак, јасно е дека Бензема и Озуна се повеќе од пријатели, додека на неговата сопруга сигурно не и било сеедно да ја гледа таму.

Кора Гаултие/фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот