Фото: Profimedia/ EPA

ФОТО | Не личат на себе поради естетските операции: Некои од овие ѕвезди биле „под нож“ повеќе од 50 пати

Многу ѕвезди редовно одат под нож и им се менува речиси секој дел од телото, но најпопуларните операции на познати личности се лифтинг на лице, зголемување на градите и липосукција. Доли Партон и Шерон Озборн беа многу отворени за своите операции, но некои се обидуваат да ги сокријат. Ова се некои од светските ѕвезди кои имале најмногу пластични операции.

Шерон Озборн е во центарот на вниманието на медиумите во последните месеци поради употреба на лекови за слабеење, и отворено зборуваше за сите свои операции. Имала над 20. Шерон правела фејслифтинг, ботокс, зголемување на градите и неколку инјекции со филери, меѓу другите процедури за кои не сакала да зборува. Таа се покајала за фејслифтингот во 2021 година, велејќи дека тоа било најлошото нешто што некогаш го направила во животот.

Шерон Озборн – Фото: Stephen Lock / i-Images / Eyevine / Profimedia

Легендарната Шер не го крие фактот дека била „под нож“. Од почетокот на 80-тите до денес, таа била подложена на бројни процедури, вклучувајќи неколку лифтинг на лицето, липосукција, а поставила и импланти во образите.

Шер / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Легендарната комичарка Џоан Риверс често зборуваше за своите операции за време на нејзините настапи. Таа почина во 2014 година. Риверс имала над 300 операции во текот на својот живот, како што потврдила во интервјуа. На настапите, таа се шегуваше дека имала 739 операции.

Џоан Риверс – Фото: Laura Farr/AdMedia / Sipa Press / Profimedia

Актерот и поранешен боксер Мики Рурк беше подложен на реконструкција на лицето поради повредите што ги здоби во борбите. Подоцна бил подложен на толку многу операции што повеќе не личи на себе. Се вели дека бил „под нож“ повеќе од 30 пати.

Мики Рурк – Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Швајцарската милијардерка Џоселин Вилденштајн, позната како „жената-мачка“, потрошила над четири милиони долари на пластични операции. Таа почина на Нова Година. Нејзината авантура со козметичките процедури започнала додека сè уште била во брак со Алек Вилденштајн. Тој имал обичај да коментира дека Џослин се однесувала кон нејзиното тело како кон парче мебел и дека постојано барала начини да го поправи.

Фото: VEGAN / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Пејачката Доли Партон, исто така, не се противеше да зборува за козметичките процедури што ги имала. Таа не го откри точниот број, но медиумите сугерираат дека имала над 15 процедури. Партон вели дека неколку пати ги зголемила градите, направила лифтинг на лицето, инјектирала ботокс и други супстанции во лицето и користела филери.

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Донатела Версаче често се наведува како пример за претерано пластична хирургија. Експертите тврдат дека таа имала најмалку 30 операции, но таа никогаш не го потврдила точниот број. Италијанската дизајнерка толку драстично промени делови од своето лице што многумина заборавија како изгледала порано.

Донатела Версаче

Карди Би вели дека не се кае за операциите што ги имала. Пејачката има направено над 10 процедури, вклучувајќи зголемување на градите и задникот, и иако точниот број на операции е непознат, таа е меѓу ѕвездите со најмногу корекции.

карди би
Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

„Кралот на поп-музиката“ Мајкл Џексон претрпел бројни операции во текот на својата кариера, што често го правело предмет на медиумско внимание. Починал во 2009 година. Џексон имал неколку операции на носот, ја променил бојата на кожата, а лекарите го измениле и изгледот на неговата брада. Имал над 50 процедури на лицето, но точниот број на други операции е непознат.

профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот