ФОТО | Најопасното езеро во светот: Оптичка илузија која речиси сè што ќе ја допре го претвора во камен
Природата е навистина фасцинантна, убава, но често и опасна, а тоа го докажува и езерото Натрон во Танзанија, во кое угинува речиси секое животно. Опасното езеро се наоѓа во регионот Аруша во северниот дел на Танзанија, во природниот процеп Грегори Рифт.
Препорачано
Толку е посебно што постојано привлекува фотографи и љубопитни луѓе кои сакаат да знаат зошто токму ова езеро гласи за едно од најстрашните во светот.

Опасна игра на природата
Одговорот е едноставен, иако езерото е природно, речиси сè што доаѓа во контакт со водата во него, се претвора во камен.
При испарувањето на водата од ова солено езеро, се таложат големи количини соли и други минерали, поради што езерото има многу висока алкалност. Можеби мислите дека ова е ист случај како во Мртвото Море, на чија површина можете безгрижно да „лебдите“, но во овој случај не е така.

Кога истражувачите ја измериле pH-вредноста, односно нивото на киселост или алкалност на водата, останале запрепастени. Резултатите можеле да се споредат со pH-вредностите на амонијакот, па веќе можете да претпоставите дека водата не е погодна за пливање, како ни за пиење, бидејќи има pH-вредност од 10,5. За споредба, водата што ја пиеме има pH-вредност во опсег од 7,3 до 7,5.
Но сепак постои живот
Затоа езерото Натрон се смета за едно од најопасните, но и едно од најекстремните феномени во природата. И покрај ова, во ова езеро може да се најдат некои живи организми.
Тоа се првенствено ендемски алги, а изненадувачки факт е дека одредени видови риби исто така живеат безгрижно во езерото. Фламингата исто така шетаат безгрижно околу езерото, кое е длабоко само 3 метри, долго 57 километри и широко 22 километри, а има температура од 41 степен Целзиус.
За повеќе од 2 милиони фламинга езерото е идеално и безбедно место за размножување, што ги штити од несакани предатори, но и извор на храна. Имено, езерото е богато со спирулина, алга со црвени пигменти со која се хранат.

Оптичка илузија
Многу птици страдаат затоа што езерото е всушност една огромна оптичка илузија. Тоа создава кристално јасен одраз, па се чини дека нема ништо на местото на езерото. Во текот на сувата сезона, се откриваат бројни жртви на езерото, па може да се најдат скаменети птици и други животни кои езерото ги намамило во смртоносната стапица.
Ако се најдете во близина на езерото Натрон, не обидувајте се да пливате, а не би било добра идеја ни да потопите прст, бидејќи ако случајно имате исеченица, ова езеро би можело да ви остане во сеќавање долго, долго време.





