ФОТО: Најмалку 21 убиен при рација на полицијата во фавела во Рио де Жанеиро

Рација на бразилската полиција во Рио/ Фото: EPA-EFE/Andre Coelho

Најмалку 21 лице загина при полициската рација во фавелата Вила Крузеиро во Рио де Жанеиро.

Акцијата во која биле вклучени и полициски хеликоптери, била покрената со цел да се лоцираат и уапсат шефови на криминални банди, меѓу кои и странски државјани.

Притоа било пукано врз полицијата која возвратила на огнот, при што била убиена жена од заскитан куршум. Во пукотниците имало и 11 повредени кои биле префрлени во болница.

Најмалку 21 убиен во рација на бразилската полиција/Фото: EPA-EFE/Andre Coelho

Како што се развивала акцијата, се интензивирале оружените престрелки, а повредени и убиени постојано биле пренесувани во градските болници.

Во пукотниците имало и 11 повредени кои биле префрлени во болница/Фото: EPA-EFE/Andre Coelho

Службата за итна медицинска помош констатирала 21 смртен случај и седум ранети, соопшти бразилскиот Секретаријат за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот