ФОТО | На журка во Белград приведени 29 лица поради користење на наркотици

Уапсени лица на журка во Нов Белград, 2021 / Фото: Принтскрин, МВР Србија

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград, по наредба на судот, синоќа извршиле ефикасна акција, претрес во стан каде идентификувале и уапсиле неколку лица кај кои била пронајдена одредена количина на дрога.

Полицијата преку оперативна работа дојде до информација дека се одржува прослава во стан во Нов Белград, на која беа присутни лица за кои постои сомневање дека се вмешани во трговија со дрога.

Уапсени лица на журка во Нов Белград, 2021 / Фото: Принтскрин, МВР Србија

За време на претресот, полицијата пронашла одредена количина наркотична дрога, кокаин и амфетамин кај пет лица и утврдила дека некои лица користеле наркотици за време на прославата.

Уапсени лица на журка во Нов Белград, 2021 / Фото: Принтскрин, МВР Србија

За време на рацијата на прославата во станот во Нов Белград, белградската полиција откри 29 лица, кои беа предадени за понатамошна работа и дејствија.

Пронајдена дрога на журка во Нов Белград, 2021 / Фото: Принтскрин, МВР Србија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот