ФОТО | На вечера во Белата куќа: Роберт де Ниро во друштво на 35 години помладата девојка

Фото: Tierney L. Cross / Zuma Press / Profimedia

Актерската легенда Роберт де Ниро (80) и неговата партнерка Тифани Чен (45) уживаa во државната вечера организирана од американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден во чест на јапонскиот премиер Фуми Кишида, пренесува „Пејџ сикс“.

На настанот присуствуваа Џеф Безос (60) и неговата партнерка Лорен СанчезТим КукЛиза ЏексонКристи Јамагучи и други.

Парот се појави држејќи се за рака, а беа многу елегантно облечени. Де Ниро се одлучи за класично елегантен црн костум, а Чен за долг бел фустан без прерамки.

Фото: – / INSTAR Images / Profimedia

Двојката се појави на вечерата само неколку дена откако го прослави првиот роденден на нивното девојче. Де Ниро откри дека тој и Чен, со која е во врска од 2021 година, добија дете минатата година, но нејзината бременост ја чуваа во тајност.

„Сите деца се многу ентузијасти за неа. Дури и внуците. Таа им е тетка, а наскоро ќе станат тинејџери“, изјавил актерот во февруари за својата ќерка Гија.

Де Ниро, кој го добил Гија кога имал 79 години, има уште шест деца. За време на првиот брак со актерката Дијана Абот, тој ја имаше ќерката Дрена и синот Рафаел. Потоа ги дочека близнаците Џулијан и Арон со актерката Туки Смит додека беа во врска. И со неговата поранешна сопруга Грејс Хајтауер, тој имаше син Елиот и ќерка Хелен Грејс.

ВИДЕО | Роберт де Ниро се расплака зборувајќи за својата 10-месечна ќерка: Кога ќе ја погледнам, сè друго исчезнува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот