ВИДЕО | Роберт де Ниро се расплака зборувајќи за својата 10-месечна ќерка: Кога ќе ја погледнам, сè друго исчезнува

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Роберт де Ниро (80) позираше со 10-месечната ќерка Гиа и ги воодушеви своите обожаватели. На новата фотографија, филмската легенда го гали бебето и нежно ја става на образот нејзината ситна глава.

„Таа е толку преслатко бебе. Толку слатка. Кога ќе ја погледнам, сè друго исчезнува. Голема радост и олеснување е само да се биде со неа во моментот“, изјавил актерот во интервју за „Пипл“, смеејќи се на необичната динамика во неговото семејство откако го дочека своето седмо дете на 80-годишна возраст.

„Сите деца многу ја сакаат. Дури и внуците. Таа им е тетка а тие наскоро ќе станат тинејџери“, опишал тој.

Покрај Гиа, која ја доби пролетта 2023 година со девојката Тифани Чен, Де Ниро е татко на Дрен (56), Рафаел (47), близнаците Џулијан и Арон (28), Елиот (25) и Хелен (12), пишува „Дејли мејл“.

Тој има и четири внуци, меѓу кои и синот на Дрена, Леандро, кој минатата година на 19-годишна возраст трагично почина од предозирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот