
ФОТО | На норвешката кралицата ѝ се слошило на скијање, ќе ѝ биде вграден пејсмејкер
На норвешката кралица Соња ќе ѝ биде вграден пејсмејкер за време на операцијата закажана за оваа недела, откако викендов имаше проблеми со срцето, соопшти кралската палата.
Препорачано
Queen Sonja has been released from the hospital today with a normal heart rhythm. https://t.co/OdIre1kjgt
— Royal Central (@RoyalCentral) January 12, 2025
Соња (87), сопругата на норвешкиот крал Харалд, накратко била хоспитализирана во саботата и ѝ биле дијагностицирани срцеви аритмии откако отишла на скијање, објави „Ројтерс“.
Здравствените проблеми на кралицата Соња започнале за време на скијање, поради што била префрлена во болницата Лилехамер. Кратко време била под строг лекарски надзор.
„Кралицата боледува од атријална фибрилација“, соопшти норвешката кралска куќа.
Состојбата била откриена откако таа се чувствувала лошо и почувствувала „нешто чудно“, што ја поттикнало да побара помош. Загриженоста порасна преку ноќ бидејќи претходните денови не покажала забележителни здравствени проблеми.
Атријалната фибрилација е најчестиот тип на нарушување на срцевиот ритам ширум светот, кој често ги погодува луѓето постари од 60 години. Во оваа состојба, срцето обично чука премногу брзо и неправилно. Специјалистите забележале дека го зголемува ризикот од компликации како што се мозочен удар, срцева слабост и згрутчување на крвта.
Лекарите нагласија дека не треба да се меша со посериозни проблеми кои ги вклучуваат срцевите комори. Типични симптоми вклучуваат палпитации, отежнато дишење, чувство на вознемиреност во градите, вртоглавица и, во ретки случаи, несвестица.