Дорис Драговиќ - Фото: Инстаграм

ФОТО | Музичката дива Дорис Драговиќ денеска го слави својот 65. роденден – погледнете како се менувала низ годините

Дорис Драговиќ е една од најголемите музички диви на овие простори. Родената сплиќанка, со вистинско име Доротеа Будимир, со децении е присутна на сцената, а нејзините песни ги обележаа животите на генерации. Денес го слави својот 65. роденден, а низ фотографиите можете да погледнете како се менувала низ годините.

Дорис Драговиќ – Фото: Инстаграм

Дорис љубовта кон музиката ја покажувала уште од детството, а како свои најголеми идоли ги истакнувала Арсен Дедиќ, Габи Новак и Тереза Кесовија. На почетокот на 80-тите години стекна регионална препознатливост како пејачка на популарната група „Море“, со која настапуваше од 1982 до 1986 година.

Дорис Драговиќ и Мишо Ковач – Фото: Фејсбук

Во 1986 година ја започна својата исклучително успешна соло кариера. Истата година ја претставуваше тогашна Југославија на Изборот за песна на Евровизија во Берген. Со песната „Жељо моја“, на композиторот Зринко Тутиќ, го освои 11-тото место со 49 поени. Песната стана евергрин и ја вивна меѓу најпопуларните пејачки во регионот.

Дорис Драговиќ – Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Во годините што следеа, редеше хитови како „Седам мора, седам гора“, „Селим ти ја“, „Тужна је ноч“, „Твоја у души“ и „Пјевај срце моје“, утврдувајќи се како една од најзначајните фигури на домашната поп музика. Нејзиниот моќен вокал и емотивни интерпретации ја освоија публиката низ поранешната држава.

Дорис Драговиќ – Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Освен по музичката кариера, Дорис е позната и по својата поврзаност со Хајдук и неговите навивачи. Од 1993 до 2000 година го носеше прекарот „Кралица на Торцида“.

Во приватниот живот, од 1990 година е во брак со поранешниот ватерполист Марио Будимир, со кого има син Борна, роден истата година.

Во текот на кариерата објави 14 студиски албуми, бројни компилации и синглови, потврдувајќи го својот статус на музичка икона чии песни траат. Нејзиниот последен сингл „Копје љубави“ е објавен во 2024 година. Ги полнеше најголемите сали во Хрватска, вклучувајќи ја Арена Загреб, Спаладиум Арена и многу други.

Дорис Драговиќ – Фото: Инстаграм
Дорис Драговиќ – Фото: Инстаграм
Дорис Драговиќ – Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот