Тимчи Муцунски и Максим Прево трчаат/ Фото: Фејсбук

ФОТО | Муцунски и Прево на утринско трчање низ Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски заедно со неговиот белгиски колега Максим Прево утрово трчаа низ Скопје. Македонскиот министер објави на Фејсбук дека трчањето е одлична можност за гостинот да го запознае нашиот главен град.

Тимчи Муцунски и Максим Прево трчаат/ Фото: Фејсбук

„Утрово, заедно со мојот колега и пријател, белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, започнавме со поинаков почеток на денот – утринско трчање од 6 км низ Скопје. Шест километри низ градот беа одлична можност, во неформална и спортска атмосфера, да споделиме дел од енергијата на Скопје и да ѝ ги приближиме на белгиската делегација препознатливите обележја на нашиот главен град“ напиша Муцунски на Фејсбук и сподели фотографии.

Муцунски вчера го пречека Прево во Министерството за надворешни работи, а по тет-а-тет средбата тие имаа заедничка прес-конференција, на која македонскиот министер нагласи дека во однос на евроинтеграцијата на Македонија, клучна е подготвеноста на Европската унија за внатрешни реформи за прием на нови членки.

Муцунски вели дека ние ќе ги исполнуваме критериумите за ЕУ, но и Брисел треба да го реформира приемот на нови членки – Слободен печат

„Особено ја цениме јасната позиција дека евроинтеграцискиот процес мора да се темели на исполнување на копенхашките критериуми од страна на земјите кандидати, но клучна е и подготвеноста на самата Европска унија да спроведе неопходно внатрешни реформи за прием на нови членки – рече Муцунски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот