Тимчо Муцунски со Максим Прево - министер за надворешни на Белгија / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ФОТО | Муцунски го пречека шефот на белгиската дипломатија Максим Прево

Mинистерот за надворешни работи на Белгија Максим Прево денес и утре е во официјална посета на Македонија. Тој беше пречекан од неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски.

Тимчо Муцунски со Максим Прево -министер за надворешни на Белгија / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во рамки на својата прва посета на земјава, министерот Прево ќе оствари тет-а-тет средба со министерот Муцунски, по што е предвидена и пленарна средба на двете официјални делегации, проследена со заедничка изјава за медиумите.

Како што соопштија од македонското МНР, централни теми на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните политички и економски односи со Белгија, како и перспективите на процесот на проширување на Европската Унија, вклучително и натамошната белгиска поддршка за европската интеграција на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот