Чивавата Кима / Бијонсе / Фото: Profimedia / EPA

ФОТО | Модерните кучиња ги преобликуваа најкултните изгледи од овогодишната Мет гала на Галата за миленици

Неколку прекрасни кученца беа во центарот на вниманието за нивната најголема ноќ во модата. Овој понеделник, на 18 мај, стилските кученца се собраа за да ги преобликуваат најдобрите изгледи од овогодишната Мет гала за нивната сопствена Гала за миленици во Њујорк, објави „Пипл“.

Годишниот настан Пет гала бил создаден од дизајнерот Ентони Рубио пред повеќе од 10 години, а оваа година се одржа во изнајмениот простор за настани „Синеплеј“.

Само две недели откако најголемите ѕвезди на Холивуд зачекорија по скалите на Метрополитен музејот на уметност во Њујорк за Мет галата, нивните екстравагантни облеки беа инспирација за прилагодените ансамбли направени од Рубио и носени од четириножните модни љубители на Галата за миленици.

„Вечерта на Мет галата, се вклучив да ги гледам пристигнувањата на познатите личности и речиси веднаш почнав да замислувам како би можел да ги преточам тие неверојатни изгледи во кучешка мода. Секогаш имајќи ја предвид важноста на почитувањето на маестралната уметност на дизајнерите и тематската намера, внимателно ги одбрав изгледите што ќе ги рекреирам, секој го доделив на одреден кучешки модел и започнав со потрагата по совршени текстили и украси“, изјавил Рубио.

Додека пекинезерката Бебе ја носеше својата верзија на рачно насликаниот фустана на Ен Хатавеј, малтезерката Шанел се одлучи за темноцрвениот фустан со светки од Никол Кидман, комплетен со спуштен струк и пеплум од пердуви.

Пекинизерката Бебе и малтезерката Шанел / Фото: Erik Pendzich / Alamy / Profimedia

„Во текот на само две недели, неуморно работев за да ги оживеам овие дизајни. Процесот беше и исцрпувачки и возбудлив. Kога моите кучешки модели излегоа во своите изгледи, не чувствував ништо друго освен радост и гордост“, рекол Рубио.

Џорџ, јазавичарот со бушаво крзно, беше облечен во изглед инспириран од розовиот капут и вратоврска на АСАП Роки. Присила, бриселскиот грифон, пак, пристигна на галата облечена во рекреација на фустанот од Зара, изработен по нарачка од Стиви Никс, со украс за глава.

Бриселскиот грифон Присила / Фото: Erik Pendzich / Alamy / Profimedia

Чивавата Кима се појави во прекрасна наметка со акценти, украс за глава со скапоцени камења и блескав фустан, изглед инспириран од Бијонсе, а драматичниот црн фустан на Сем Смит го инспирираше мешаниот териер Бастијан.

Чивавата Кима / Фото: INSTAR Images / Profimedia

ГАЛЕРИЈА | „Модата како уметност“: Ѕвездите ја претворија Мет гала во живо ремек-дело

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот