ФОТО | Мистер Бин во прегратки на 26 години помлада љубовница, ќерката му се налути и го промени презимето
Актерот Роуан Аткинсон или култниот Мистер Бин, пред извесно време го „запали“ светот со скандалот од приватниот живот – имаше афера додека уште беше во брак со сопругата!
Препорачано
Британскиот комичар се ожени со Сунетра Састри во 1990, со која се запознаа во 80тите години, додека таа била шминкерка на BBC телевизијата. Имаат две ќерки, а пред неколку години објавија дека се разведуваат – односно, британските медиуми успеаја да дознаат дека Роуен е во тајна врска со глумицата Луиз Форд, која е 26 години помлада од него. Скандалот беше и поголем кога се дозна дека врската била актуелна уште пред разводот.


„Сунетра е вознемирена што за толку кратко време е заменета со толку помлада жена“ – изјави тогаш непознат извор за таблоидот „Sun“.
Разводот според медиумите, траел прекратко, а ниту Роуан ниту Сунетра не биле присутни на сослушувањето.
Ќерката на актерот, од бес и лутина затоа што татко им ја оставил мајка им за толку млада жена, си го промени презимето од Аткинсон во Састри, мајчиното презиме.
Сопругата на Роуан остана да живее во Лондон во луксузна вила, а тој се пресели во нивната викендица. Иако разводот им го „подели“ богатството, се проценува дека овој британски комичар и најпознат по улогата на Мистер Бин, има заработка на контото преку 70 милиони фунти.


