Мишо Ковач со ќерката Ивана / Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Мишо Ковач го слави 84-тиот роденден: Новата фотографија од легендарниот пејач со ќерката ги израдува сите!

Легендата на хрватската музика Мишо Ковач, го слави својот 84-ти роденден. По тој повод ќерката Ивана Ковач му посвети трогателна објава на социјалните мрежи, а обожавателите на Миша ги израдува и со неговата нова фотографија.

„Среќен ти роденден, татко мој… полн со Божји благослов и мир во срцето“, напиша Ивана.

Двајцата позирале насмеани од уво до уво, а Мишо во коментарите добил мноштво роденденски честитки и убави желби.

 


Таткото и ќерката позирале во истите изданија и на фотографијата што Ивана ја објави пред околу два месеци. Тогаш таа го потпишала и фотографот во описот, а иако ги ставила само иницијалите Л. К., многумина заклучиле дека станува збор за сопругата на Мишо, Лидија Ковач.

 


Лидија е третата сопруга на Мишо. Тие се запознале на еден од неговите концерти во 1998 година, а се венчале во 2002 година. Мишо често истакнувал дека Лидија му била спас по бројните животни проблеми, а таа открила како меѓу нив се разгорела љубов на прв поглед.

Мајката на Ивана и поранешна Мис тин Југославија, Анита Батурина, била втора сопруга на Мишо. Тој се оженил со неа во 1973 година, во 1975 година го добиле синот Еди, а во 1977 година ќерката Ивана. Нивниот брак се распаднал откако Еди починал во 1992 година, а официјално се развеле во 1977 година.

Прва сопруга на Мишо Ковач била Љубица Комадина, со која бил во брак неколку години на почетокот на 70-тите.

Неодамна беше објавено дека снимањето на биографскиот филм за Миша Ковач, под работен наслов „Мишо“, треба да започне кон крајот на летото. Продуцент на филмот е Вања Сремац, сценариото го потпишува Милана Влаовиќ Ковачек, а ќе го режира Винко Брешан.

 

Живот како од роман: Мишо Ковач трипати ѝ погледнал на смртта во очи, а од кандидатките за мажење морал да бега дури и низ прозорец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот