Profimedia

ФОТО | Меланија Трамп ги носеше култните патики кои чинат помалку од 100 евра

Меланија Трамп го посети Тексас со својот сопруг Доналд Трамп кон крајот на минатата недела за да ги обиколат областите погодени од катастрофалните поплави и да изразат сочувство до семејствата на жртвите. Таа беше фотографирана со својот сопруг на јужниот тревник на Белата куќа, како се качуваат во хеликоптер на „Марин Уан“ на пат кон Кервил, Тексас.

Меланија и Доналд Трамп: A Wilding / Alamy / Profimedia
Меланија и Доналд Трамп: CNP/ADM / Capital pictures / Profimedia

За оваа пригода, Меланија избра лежерна, но сепак промислена комбинација, многу порелаксирана од гламурозните изданија на кои сме навикнати. Наместо високи потпетици, таа носеше класика што ретко ја гледаме кај првите дами – патики Коверс (Converse Chuck Taylor All Star 70) во маслинесто зелена боја, кои совршено се вклопуваа со остатокот од облеката и внесоа доза на младешка енергија во нејзиниот изглед.

Остатокот од облеката имаше воен шмек, составен од краток, тесен тренч мантил во светло беж нијанса, со изразени ревери и џебови со преклоп. Потесниот крој на половината дополнително ја истакнуваше нејзината фигура.

Под јакната, таа носеше едноставна маица во пригушена маслинесто зелена боја, која совршено се вклопуваше со земјената палета. Аутфитот го заокружи со тесни карго панталони во иста нијанса, создавајќи хармонична целина.

Патиките Converse Chuck Taylor All Star 70 за првпат беа претставени на почетокот на 2010-тите како реинтерпретација на оригиналниот модел од 1970-тите, кој во тоа време беше стандардна патика на кошаркарските терени. Тие се именувани по Чак Тејлор, американски кошаркар и тренер кој ги промовираше оригиналните патики Ол Стар (All Star) низ САД во 1920-тите.

Во 2025 година, тие остануваат исклучително популарни – не само меѓу љубителите на класичната мода, туку и меѓу помладите генерации кои ја ценат ретро естетиката, удобноста и издржливоста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот