ФОТО | Меган и Хари објавија прекрасни фотографии од децата, никогаш видени досега

Фото: Инстаграм

Меган Маркл и принцот Хари во документарната серија од шест дела на Нетфликс, споделија фотографии од своите деца Арчи и Лилибет, кои јавноста немаше можност да ги види досега.


„Јас како татко, односно ние како родители, сметаме дека согласноста е клучна овде. Значи, ако имате деца, мора да имате право да се согласите на она што се споделува“, рекол принцот Хари во серијата објаснувајќи зошто тие ги споделиле фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


„Бевме многу совесни околу тоа да ги заштитиме нашите деца најдобро што можеме, но и да ја разбереме нивната улога во ова историско семејство“, додала неговата сопруга, војвотката од Сасекс, Меган Маркл.


За потсетување, Netfliks вчера ги објави последните три епизоди од документарецот за Хари и Меган. Принцот и војвотката од Сасекс открија нови детали од нивната венчавка и заминувањето од Велика Британија, но упатија и голем број нови, сериозни обвинувања против кралското семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FAN ACCOUNT (@mxghanmarkle)

ВИДЕО | Меган и Хари се запознале на Инстаграм, еве што сѐ открија во документарецот

ВИДЕО | Меган и Хари се запознале на Инстаграм, еве што сѐ открија во документарецот

ВИДЕО | Нов трејлер за „Harry & Meghan“: Сѐ е валкана игра, никој не ја знае целосната вистина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот