ФОТО | Меган Фокс и Кортни Кардашијан топлес во нова кампањата на „СКИМС“: Кога сè што ти треба е танга!

МЕГАН
Фото: Принтскрин / Instagram

Новите најдобри пријателки Меган Фокс и Кортни Кардашијан се соблекоа топлес за новата кампања на брендот за долна облека „SKIMS“.

Атрактивната 35-годишна актерка Меган Фокс и 42-годишната Кортни Кардашијан позираа заедно во нова кампања за памучната линија на популарниот бренд.

Во сензуални пози, привлечните девојки позираа облечени во неколку модели на долна облека, каде на неколку од фотографиите носеа само долни парчиња секоја прикривајќи ги своите сопствени гради со една рака. Фокс и Кардашијан изгледаа спонтано удобно на заедничките фотографии, каде позираа една покрај друга и оставија многу малку на имагинацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SKIMS (@skims)

„Кога сè што ти треба е танга“ беше насловена една од фотографиите објавена на профилот на брендот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

На една од фотографиите Кардашијан и Фокс се преправаат дека се бакнуваат со црвено јаболко меѓу нивните усти носејќи црни жерсеј танги. На друга секси фотографија девојките носат бели комплети додека се ранат со чинија цреши.

Кардашијан откри која од фотографиите од сесијата ѝ е омилена, споделувајќи скриншот од нејзиниот телефон на својот инстаграм профил.

кортни кардашијан
Фото: Принтскрин/Instagram

Девојките се блиски пријателки во приватниот живот и во последно време се често забележани заедно на настани, придружувани од нивните момчиња рок ѕвездите Тревис Баркер и Машин Ган Кели. Тие го привлекоа вниманието уште минатата недела кога позираа заедно во тоалет за време на една од афтер забавите на „ЕмТиВи“ музичките награди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот