ФОТО: Масовни протести низ цела Европа за запирање на руската агресија врз Украина

Руските амбасади и конзулати ширум европските градови и надвор од континетот во текот на денешниот беа место на протести. Илјадници граѓани со сино-жолти знамиња протестираат во знак на поддршка на Украина и против руската агресија на оваа држава која започна рано утрово по наредбата од Путин да се нападне Украина.

Додека руските воени сили од копно и воздух удираа на Украина и на главниот град Киев, илјадници граѓани во европските престолнини излегоа да го изразат своето незадоволство од почетокот на нова војна на европско тло.

Се протестираше во Париз, италијанските градови Рим, Торино и Неапол.

Протест во Париз/ Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON
Протести во Торино, Италија/Фото: EPA-EFE/TINO ROMANO
Молитва за Украинците во Неапол/Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE
Во знак на поддршка на Украина Колосеумот во Рим светна во сино и жолто/Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Протести во Шпанија, Португалија и тоа во Лисабон и Порто.

Поддршка од Шпанија/ Фото; EPA-EFE/Salas
Протест во Порто, Португалија/ Фото: EPA-EFE/RUI MANUEL FARINHA
Протест во Лисабон, Португалија/Фото: EPA-EFE/MARIO CRUZ
Протест во Копенхаген, Данска: Фото: EPA-EFE/EMIL HELMS DENMARK OUT

Полјаците, но и Украинците кои живеат во Полска излегоа пред руските конзулати во Вроцлав и Познан.

Протест во Познањ, Полска/Фото: EPA-EFE/JAKUB KACZMARCZYK POLAND OUT

Се протестираше и во Копенхаген, Хаг и Франкфурт.

Емотивни сцени од протестот во Хаг, Холандија/Фото: EPA-EFE/BART MAAT
Холанѓани, Украинци и мирољубци на протест во Хаг/ Фото: EPA-EFE/BART MAAT

На Балканот во Романија, Бугарија, Хрватска и Албанија.

Граѓански активисти протестираа во Романија/Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT
Протест пред руската амбасада во Букурешт, Романија/ Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Протести во знак на солидарност со Украинците и со апели за запирање на војната имаше во Њујорк каде стотици граѓани на овој космополитски град маршираа низ Тајмс Сквер кон руската амбасада.

Поддршка за Украина од Њујорк/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE
Протест пред постојаната мисија на Руската федерација во Њујорк/Фото; EPA-EFE/JUSTIN LANE

И Израелците протестираа споредувајќи го Путин со Хитлер, а инвазијата со „фашизам кој мора да запре“.

Протест пред руската амбасада во Тел Авив, Израел/Фото. EPA-EFE/ABIR SULTAN
Путин како Хитлер, Израел на нозе против руската агресија/Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Протести против руската инвазија на Украина се одржаа и во големите руските градови како Москва и Санкт Петербург при што полицијата интервенираше и уапси илјадници демонстранти.

Масовни апсења на протестот во Санкт Петербург/ Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

ФОТО: Антивоени протести низ Русија, полицијата уапси над 700 лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот