ФОТО | Марк Закерберг го доби третото дете, на девојчето му дадоа „златно“ име

Марк Закерберг со новородената ќерка/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Марк Закерберг, основач на Фејсбук, во септември минатата година откри дека тој и неговата сопруга Присила Чан го очекуваат третото дете, а во таа прилика откри и дека на нивното семејство ќе му се придружи девојче.

„Многу љубов“, напиша Марк покрај фотографијата со неговата рака потпрена на стомакот на Присила и додаде дека е исклучително среќен што неговите ќерки Макс и Август ќе добијат уште една сестра.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)


Сега Закерберг откри дека пристигнал на свет новиот член на нивното семејство.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)


Закерберг објави фотографија од новороденчето на Инстаграм и го откри името што го избрале за девојчето.

„Добре дојде во светот, Аурелија Чан Закерберг! Ти си толку мал благослов“, напиша тој.

Аурелија е име со латинско потекло и значи златна.

Во септември минатата година, парот на социјалните мрежи објави дека ќе добие трето дете.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)


Инаку, Закерберг и неговата поранешна колешка од Универзитетот Харвард веќе имаат две ќерки: Макс (7) и Август (5).

Закерберг и неговата сопруга се запознале во редот за тоалет на забава во 2003 година, додека двајцата сè уште биле студенти на Харвард. Набрзо станаа пар, а девет години подоцна се венчаа на интимна церемонија во нивниот двор.

Марк Закерберг и Бил Гејтс ќе дадат 25 милиони долари за борбата против коронавирусот

Закерберг и неговата сопруга Чан ќе инвестираат 3,4 милијарди долари за развој на науката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот