ФОТО: Марија Шерифовиќ со уникатна торта го прослави 36-от роденден!

Instagram
Instagram

Денес Марија Шерифовиќ наполни 36 години. Пејачката не го криеше задоволството што и е роденден, а во неколку наврати се огласи на социјалните мрежи по тој повод.

„Мои кукли, благодарам на сите за вашите љубезни желби и честитки. Денес, кога наполнив 36 години, морам да ви кажам една многу важна работа -> АПСОЛИТНО НЕ ПЛАНИРАМ ДА СЕ ОДНЕСУВАМ СОГЛАСНО СО МОЈАТА ВОЗРАСТ. Вашата Шеки ве сака сите“, напиша Марија на Инстаграм.

инстаграм

Исто така, Марија објави необична торта што ја доби за роденден од нејзината мајка Верица Шерифовиќ. Тортата беше украсена со ликот на победникот на Евровизија од 2007 година, како и слики од панда.

„Кога мајката ќе ја направи тортата“, напишала пејачката.

инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот