Нела Манческа / Фото: Фејсбук/Нела Манческа

ФОТО | Македонската претставничка Нела Манческа блесна на првата проба на детската Евровизија

Македонската претставничка Нела Манческа ја освои евровизиската публика уште на првиот чекор на големата сцена во Тбилиси, Грузија. Младата пејачка ја одржа својата прва проба за детската Евровизија, каде што ја изведе песната „Miracle“, композиција со која годинава ќе нè претставува пред Европа.

Фотографиите и видеата од пробата покажуваат импресивна сценска визија: светлосни ефекти, бои што пулсираат со ритамот на песната и изглед инспириран од митолошка божица, со што нашата талентирана ѕвездичка доби бројни пофалби уште пред почетокот на натпреварувачката вечер.

Од официјалниот профил на музичкиот натпревар не го криеја воодушевувањето.

„Таа направи евровизиската сцена да изгледа магично утрово“, напишаа тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот