МВР, нови теренски возила и опрема / Фото: МВР

ФОТО | Македонската полиција доби нови теренски возила и специјализирана опрема од ЕУ

Станува збор за четири теренски возила, три комбиња, видеокамери, детектори за отчукување на срце и опрема за проверка на документи

Министерството за внатрешни работи доби нови возила и специјализирана опрема обезбедени преку регионалниот ИПА-проект EU4FAST, со поддршка од Европската Унија. Примопредавањето беше извршено утрово во кругот на МВР, а министерот Панче Тошковски рече дека опремата веднаш ќе биде ставена во функција на македонската полиција.

МВР, нови теренски возила / Фото: МВР

Станува збор за четири теренски возила, три комбиња, видеокамери, детектори за отчукување на срце и опрема за проверка на документи, кои според Тошковски ќе придонесат за поголема мобилност на полициските служби, подобра контрола на границите и поефикасна борба против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе.

МВР, нови теренски возила и опрема/ Фото: МВР
МВР, нови теренски возила / Фото: МВР

„Живееме во комплексно геополитичко време кое бара максимална будност и кохезија на безбедносните структури. Нашите граници се рамноправен дел од безбедносната архитектура на европскиот континент, а нашите институции се на првата линија на одбрана на заедничките европски вредности. Затоа секоја инвестиција во модернизацијата на нашите служби е истовремено инвестиција во мирот и стабилноста на целиот европски простор“, рече Тошковски.

Тој додаде дека проектот EU4FAST претставува успешен пример за заедничко дејствување на институциите од регионот и европските партнери преку обуки, размена на информации и координирани активности на терен.

Проектот е кофинансиран од Европската Унија, Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ), Министерството за внатрешни работи на Италија и Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот