ФОТО: Македонија со најмногу поени за Халанд, како новинарите во светот гласаа за „Златната топка“

Ерлинг Халанд со наградата „Герд Милер“ за најдобар стрелец/фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Во гласањето за „Златната топка“ учествува по еден новинар од 100-те најдобро рангирани земји според рангирањето на ФИФА, но не нужно сите, па годинава гласале 92 новинари.

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси во понеделникот ја освои „Златната топка“ по осми пат во кариерата, пред Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

Во гласањето Македонија ја претставуваше новинарот Марио Сотировски од „Вечер Прес“. Во неговиот избор на првото место се наоѓа Ерлинг Халанд, па следуваат Лионел Меси, Килијан Мбапе, Кевин Де Брујне и Виктор Осимен.

Првопласираниот добива шест бодови, вториот четири, третиот три, четвртиот два и петтиот еден бод.

Севкупно Меси доби најмногу гласови со освоени 462 бодови, пред Халанд со 357, а на третата позиција се најде Мбапе (270).

Дел од гласовите на новинарите за „Златната топка“/фото: принтскрин/twitter.com/La_MinuteFoot

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот