ФОТО | Македонија се подготвува за Евровизија 2027 и можно е да биде домаќин на детската Евровизија истата година
Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) го поддржува учеството на Македонија на Изборот за песна на Евровизија 2027 и истовремено преговара за можноста да биде домаќин на детската Евровизија истата година.
Препорачано
На последната седница на Програмскиот совет, одржана на 11 декември, претседателот Давор Пашоски истакнал дека Европскиот радиодифузен сојуз особено очекува Македонија да се врати на евровизиската сцена и е подготвена да обезбеди техничка и организациска поддршка за успешно учество.
„Важно е да се пристапи кон подготовките на време и систематски, за нашата земја успешно да се претстави на овој важен музички настан“, појаснил Пашоски.
View this post on Instagram
Покрај тоа, МРТ преговара со Европскиот радиодифузен сојуз и за можноста да ја организира детската Евровизија 2027, што Македонија за првпат би била домаќин на едно вакво големо музичко случување.
Како што стои во забелешките на Програмскиот совет:
„Организирањето на детската Евровизија би била одлична можност да се промовира земјата и да се охрабрат младите музички таленти“.
Последното учество на Македонија на Евровизија беше во 2022 година, кога Андреа Коевска ја претставуваше земјата со песната „Circles“ и не успеа да се пласира во големото финале.
И покрај тоа што не учествуваше на Евровизија последните години, земјата продолжи со настапи на детската Евровизија, последен пат со Нела Манческа и песната „Miracle“, која заврши на 7. место со 141 поен.


