Фото: МВР

ФОТО: Maкедонец од „Тигрите“ најдобар во велеслалом на меѓународен натпревар во Хрватска

На Сљеме во Хрватска вчера беше одржан меѓународен полициски натпревар, а во него победи Македонец, припадник на САЕ „Тигар“.

На натпреварувањето како што информираат од МВР учествувале натпреварувачи од: Словенија, Чешка, Црна Гора, Хрватска, па така македонскиот претставник победата ја однел во исклучително силна конкуренција.

„Потврда за подготвеноста на македонската полиција – Припадник на САЕ „Тигар“ најдобар во велеслалом на меѓународен полициски натпревар Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при министерството за внатрешни работи го освои првото место во дисциплината велеслалом на меѓународниот полициски натпревар во скијање на Сљеме, Република Хрватска, на 25.02.2026 година, за што Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста.

Остварениот резултат претставува потврда за високото ниво на подготвеност, професионалност и посветеност на припадниците на Министерството за внатрешни работи, како и достојна афирмација на државата на меѓународен план. Министерството за внатрешни работи упатува честитки до припадникот на САЕ „Тигар“ за постигнатиот успех, изразувајќи уверување дека и во иднина ќе продолжи со вакви врвни резултати и ќе биде пример за професионалност и спортски дух“, стои во соопштението од МВР.

Фото: МВР
Фото: МВР
Фото: МВР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот