ФОТО | Лила Филиповска ни ја честита 2024 година: Никој да не ви фали и ништо да не ве боли

Фото: Инстаграм/Лила Филиповска

Македонската водителка Лила Филиповска остава убава година зад себе – ја победи битката со ракот, беше успешна во својата професија и патуваше на многу прекрасни дестинации.

Со објава на Инстаграм, таа им ја честиташе Новата година на нејзините следбеници и направи мала ретроспектива на сите оние убави нешта кои ѝ ја одбележале 2023 година.

Исто така, таа сподели и неколку фотографии во празнична модна комбинација, на кои позира со нејзините миленици – мачорите Мајли и Рагнар.

„Кога ќе ме праша некој по што ќе ја паметам оваа година, јас навистина не знам од каде да почнам. Можеби со вдомувањето на нашиот нов член Мајло, кому му го спасивме животот и сега ни го разубавува секојдневието со неговите палавштини и дружењето со Рагнар. Можеби по чистиот пет скен и мојата победа во битката со ракот. Можеби по успешната професионална сезона, многуте патувања…

И не, не дека немало и помалку убави моменти, ама тие не заслужуваат простор во оваа објава. И, секако, благодарност до сите оние кои на кој било начин учествувале во овие важни моменти за мене.

А вам, драги мои, ви посакувам убава и среќна година и никој да не ви фали и ништо да не ве боли.

Ваша, Лила“, напиша Филиповска на нејзиниот интаграм-профил.

Фото: Инстаграм/Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/Лила Филиповска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот