Лебед на шини / Фото: принтскрин

ФОТО | Лебед на неколку часа го прекина железничкиот сообраќај во Шкотска

Патниците вчера се соочија со големи доцнења и откажувања на линиите во шпицот на најпрометната железничка станица во Шкотска, откако лебед беше пронајден на шините на станицата во Глазгов. „Нетворк Реил“ вчера соопшти дека птицата се качила на горниот дел на станицата
Глазгов Централ околу 17:49 часот и била заглавена на шините, објави „Скајњуз“.

„Се работи за лебед кој се заглавил на шините на станицата Глазгов Централ. Услугите до и од оваа железничка станица се прекинати, но возовите сè уште возат со намалена брзина“, се вели во соопштението на железничкиот оператор, заблагодарувајќи им се на сите за нивното трпение.

„Тим специјалисти е испратен на местото на настанот и работи на отстранување на лебедот од шините што е можно поскоро“, се додава во соопштението.

„Нетворк Реил“ објави фотографии од „виновникот“ по 18:00 часот, додавајќи дека тимовите „работат за да се осигурат дека услугите нема да бидат прекинати и дека лебедот ќе биде отстранет на безбедно место“. Во 18:30 часот „СкотРеил“ објави дека птицата е отстранета.

„Имаме добри вести. Лебедот е спасен, отстранет од зоната на станицата и транспортиран на безбедно место. Малку е вознемирен, но добро се опоравува. Ви благодариме за трпението, го цениме тоа“ порачаа од железничката станица.

По околу три часа, беше објавено дека „прекинот на железничките услуги на Глазгов Централ е завршен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот