ФОТО | Кучето Коко е првото милениче кое се лекува од зависност од алкохол

Кучето Коко / Фото: Фејсбук/„Woodside Animal Welfare Trust“

Прв случај на лекување куче од зависност од алкохол е забележан во Англија. Имено, кучето Коко се навикнало да пие алкохол поради неговиот поранешен сопственик, а благодарение на едно засолниште за животни успеало да се ослободи од тој порок, пишува „Си-би-ес њуз“.

Коко, кој има две години и е мешавина од кокер шпаниел и кафеав лабрадор, бил донесен во засолништето за животни „Woodside Animal Rescue Trust“, заедно со уште едно куче, по смртта на нивниот сопственик.

Вработените во засолништето за животни споделија дека кучињата станале зависни од алкохол бидејќи нивниот сопственик ги оставал алкохолните пијалаци низ домот пред да заспие. На кучињата им била потребна итна медицинска помош веднаш штом пристигнале во засолништето. За жал, едното куче починало, но Коко успеал да се опорави. Тој бил лекуван со седативи четири недели за да избегне напади.

„Би сакале да ве запознаеме со најновиот член на единицата за специјална нега, прекрасното момче наречено Коко. Коко е со нас повеќе од еден месец, бидејќи уште од пристигнувањето му беше потребна интензивна нега. Неговата приказна е трагична и докажува колку нашата единица за специјална нега е важна“, напишаа од засолништето на Фејсбук.

Тие објаснија дека не успеале да го спасат другото куче, но и дека на Коко му било многу лошо. Оттаму за кратко време им станало јасно дека станува збор за зависност од алкохол.

„Толку сме благодарни што е надвор од животна опасност и што Коко престана да ги зема сите лекови и почна да се однесува како нормално куче“, велат тие.

Оттаму додадоа дека кучето сѐ уште не е подготвено за вдомување, бидејќи иако физички е закрепнато, тоа е многу вознемирено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот