ФОТО | Контроверзен избор за убавина: Бела жена ќе ја претставува Зимбабве на Мис Универзум

Манекенката Брук Брук-Џексон победи на годинашното издание на националниот избор за убавина Мис Универзум во Зимбабве и ќе ја претставува својата држава на големото меѓународно натпреварување, кое ќе се одржи на 18 ноември годинава.
„Јас сум горда што сум од Зимбабве. Оваа победа ми е шок, но и изненадување во исто време. Едвај чекам да ја претставувам мојата земја, како кралица на Зимбабве, на натпреварот во Ел Салвадор. Јас се занимавав со манекенство во последните неколку години во Кејптаун, а и патував многу, но ова е моја прва победа на избор за убавина“, изјави 21-годишната манекенка.

Нејзината победа предизвика измешани реакции кај јавноста во Зимбабве. Иако многумина сметаат дека таа достојно ќе ја престави државата, со оглед на тоа што е исклучително убава девојка, дел од луѓето сметаат дека не е во ред бела девојка да претставува народ кој мнозински е со црна боја на кожата.
Но, ова не е прв таков случај на националните избори за Мис Универзум. Во 2021 година, Рехема Мутамија, со потекло од Кенија, ја претставуваше Англија, а Памела Уба, со потекло од Јужна Африка, ја претставуваше Ирска на Мис Универзум.